Што е интернет?

Истражувањето на интернетот е прекрасно и се врши лесно на компјутер, таблет или паметен телефон. Еве неколку совети како да почнете.

Интернетот е најголема библиотека, трговски центар, информативен центар и точка за социјално дружење во светот - сѐ се наоѓа на едно место. Преку интернет можете да се поврзете со пријателите и семејството, да купувате производи, да плаќате сметки, да играте игри, да гледате филмови и многу друго. И најдобро од сѐ е што не ви треба многу за почнете.

Илустрација што го претставува интернетот

Како да пристапите на интернет

За да пристапите на интернет ќе ви треба услуга за интернет (internet service), исто така наречена широкопојасна врска. Можете да ја добиете од ИСП (ISP) или Давател на интернет-услуги (Internet Service Provider) или од давател на пакети за мобилни уреди. Кога сте поврзани на интернет, вие сте „онлајн“ (online).

Интернет-прегледувач

Друго нешто што ви треба е програма за прегледување на интернет или интернет-прегледувач, што всушност е апликација (application или скратено app). Во секој десктоп, лаптоп, таблет или паметен телефон постои вграден интернет-прегледувач. Во зависност од уредот, интернет-прегледувачот може да се нарекува:

  • Microsoft Edge
  • Mozilla Firefox
  • Google Chrome
  • Apple Safari.

Ако кликнете или ако ја допрете иконата на апликацијата на интернет-прегледувачот на компјутерот или на паметниот уред, ќе се отвори интернет-прегледувачот.

Логоа на Edge, Firefox, Chrome and Safari.

Како да напишете интернет-адреса

Штом интернет-прегледувачот ќе се отвори:

  • кликнете во адресната лента (Address bar)
  • напишете ја интернет-адресата на локацијата што сакате да ја посетите. На пример, интернет-адресата https://www.abc.net.au/news/sport ќе ја отвори спортската страница на интернет-локацијата на ABC
  • притиснете на Enter на тастатурата.
Интернет-адреса напишана во адресната лента на интернет-прегледувач.

Интернет-врски и навигација

Некои текстови и слики на интернет-страници се кодирани на специјален начин за да бидат интернет-врски. Кога кликнувате на некоја интернет-врска, таа ќе ве однесе на нова интернет-страница, вообичаено поврзана со текстот на врската или содржината на сликата на којашто кликнувате. Можете да кажете дека се работи за интернет-врска ако:

  • текстот изгледа различно или има различна боја од текстот околу него, на пример, најчесто текстот на интернет-врските е син или подвлечен
  • кога го движите покажувачот на глувчето преку текст или слика, покажувачот се менува од стрелка во прст што покажува нешто.
Интернет-адреса напишана во адресната лента на интернет-прегледувач.

И покрај тоа што кликнувањето на врска ве води на нова страница, секогаш можете да се вратите на претходната страница. Кликнете на копчето Назад (Back button) (тоа вообичаено е лева стрелка што се наоѓа во горниот дел на екранот заедно со адресната лента) за да се вратите на претходната страница.

Како да вршите пребарување

Од вас не се очекува да ја помнете адресата на секоја локација што постои на интернетот! Постојат специјални интернет-страници што се познати како машини за пребарување или пребарувачи (search engines) што ќе ви помогнат да наоѓате интернет-страници на интернетот. Постојат два начина да вршите пребарување на интернетот:

  • да ја напишете интернет-адресата на некоја машина за пребарување (на пример, www.google.com.au) во адресната лента на вашиот интернет-прегледувач, а потоа да вршите пребарување од интернет-страницата на машината за пребарување
  • едноставно да напишете име или опис на она што го барате во адресната лента на интернет-прегледувачот и да притиснете на копчето Enter.

Машината за пребарување ќе одговори со интернет-врски за локации што смета дека би можеле да ве интересираат.

Вообичаени термини на интернет

  • Машина за пребарување (Search engine) – директориум или именик на интернет-страници. Таа личи малку на Жолта книга, но за интернет
  • Интернет-адреса (Web address) – адреса на која можете да најдете специфична интернет-страница. На пример, www.abc.net.au е интернет-адреса. Сите интернет-адреси се уникатни
  • Интернет-прегледувач (Web browser) – програма што ја отворате на компјутерот или на друг уред за да почнете да користите интернет
  • Интернет-врска (Web link) – слика, копче или редица текст на интернет-страница на коишто можете да кликнете за да ве однесат во друг дел, страница или интернет-страница
  • Интернет-страница (Web page) – страница со информации на интернет-локација. Сите интернет-локации се состојат од повеќе интернет-страници.
  • Интернет-локација (Website) – збир од интернет-страници што припаѓаат на поединец или компанија што може да се разгледаат на интернет.